Москва/Киев, 14 ноември 2026 (МИА) - Најмалку осум лица, меѓу кои и едно дете, загинаа во руски напади врз украинските Запорошка и Херсонска област и во украински напад со дрон врз руската Белгородска област, според извештаите на локалните власти.
Во руски напади врз Запорожје и околните населени места загинале три лица, меѓу кои и дете, а 62 се повредени, од кои осум деца, соопшти Иван Федоров, копретседател на Советот за одбрана на украинската Запорошка област. Во Херсонската област загинале уште две лица, а петмина се повредени, соопшти регионалната воена администрација.
Во меѓувреме, во руската Белгородска област тројца членови на едно семејство загинале, а едно лице е повредено откако украински дрон погодил станбена зграда во населбата Пролетарски, на околу 20 километри од границата со Украина. Најмалку девет лица биле повредени во други украински напади со дронови во областа во текот на ноќта.
Според руското Министерство за одбрана, биле пресретнати 29 украински дронови, додека украинското воено воздухопловство соопшти за 96 руски дронови упатени кон цели во Украина, од кои 81 биле пресретнати. Дронови погодиле осум локации.
Во нападите во Херсонската област биле оштетени станбени згради, куќи, поштенска станица, стопански објект и амбулантно возило, а четири лица биле евакуирани од ослободени населени места. Во Запорошката област, според Федоров, руските сили извршиле 884 напади врз 48 населени места во изминатото деноноќие. аб/
Mia.mk користи колачиња Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство со прелистување, да опслужуваме персонализирани реклами или содржини и да го анализираме нашиот сообраќај. Со кликнување на „Прифати“, се согласувате со нашата употреба на колачиња.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Медиумска информативна агенција. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на МИА е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Северна Македонија. Правен консултант и застапник: адвокат Милена Велјаноска - Стоиловска .
