Брисел, 24 ноември 2026 (МИА) - Бројот на важечките законски акти на Европската Унија продолжува да расте, достигнувајќи рекордно ниво на крајот на 2025 година, кога бил за повеќе од двојно поголем во споредба со 2010 година - покажува денеска објавениот Индекс на бирократијата во ЕУ (EU Bureaucracy Index).
На крајот на 2025 година, членовите на важечките регулативи и директиви на ЕУ опфаќале околу 47.600 стандардни страници, што претставува зголемување од 118 отсто во споредба со 2010 година. Ова го покажува истражувањето на професорот на Универзитетот во Виена Штефан Вагнер, спроведено во соработка со Берлинската школа за менаџмент и технологија (ESMT Berlin). Индексот ги опфаќа законските акти усвоени од Европскиот парламент и Советот на ЕУ или само од Советот, но не и актите на Европската комисија.
Според истражувањето, главните фактори за зголемувањето на обемот на законодавството се прописите за санкции и новите правила во областите на животната средина, заштитата на потрошувачите и здравството. Дури и ако не се земат предвид санкциите, обемот на законодавството на ЕУ е зголемен за 60 отсто.
- Законодавството на ЕУ расте речиси двојно побрзо од федералното законодавство на Германија - изјави Вагнер. „Секој што сака да ја намали бирократијата мора да го земе предвид и европското ниво“.
Само текстовите на членовите на законските акти на ЕУ веќе се приближно еднакви по обем на сите федерални закони на Германија заедно. Доколку се вклучат и нивните прилози, обемот на европското законодавство е речиси двојно поголем. ссм/
Mia.mk користи колачиња Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство со прелистување, да опслужуваме персонализирани реклами или содржини и да го анализираме нашиот сообраќај. Со кликнување на „Прифати“, се согласувате со нашата употреба на колачиња.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Медиумска информативна агенција. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на МИА е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Северна Македонија. Правен консултант и застапник: адвокат Милена Велјаноска - Стоиловска .
