Прага, 27 ноември 2026 (МИА) - Снежната бура што од вчера ја зафати Чешка го отежна сообраќајот во земјата и предизвика несреќи во кои се повредени стотици луѓе.
Чешките пожарникари вчера и денеска интервенирале во над 600 случаи, од сообраќајни несреќи, паднати дрва до возила заглавени во снег.
Надлежните апелираа до возачите да бидат внимателни и да ја прилагодат брзината на движење кон условите на патот. Тие исто така соопшија дека снегот се чисти од сите автопатите и од локалните патишта.
Поради невремето летовите на аеродромот во Прага доцнеа неколку часа.
Во Прага денеска околу 26.000 домаќинства останаа без греење и топла вода, по дефект на регионалниот топловод. ми/
Mia.mk користи колачиња Ние користиме колачиња за да го подобриме вашето искуство со прелистување, да опслужуваме персонализирани реклами или содржини и да го анализираме нашиот сообраќај. Со кликнување на „Прифати“, се согласувате со нашата употреба на колачиња.
Овој материјал не смее да се складира, издава, емитува, препишува и повторно да се дистрибуира во каква било форма, без писмена дозвола од Медиумска информативна агенција. Секој упад и злоупотреба на интернет-страницата на МИА е казнив по членовите 251 и 251a од КЗ на Република Северна Македонија. Правен консултант и застапник: адвокат Милена Велјаноска - Стоиловска .
